18-07-2017 | 10:39 ч.

Кој го мести министерот Димитров за Илинденско – Преображенско востание?

Кој го мести министерот Димитров за Илинденско – Преображенско востание?

 

 

На денот кога во собранието, владата ќе го брани договорот со Бугарија од источниот сосед пристигнуваат информации кои што дополнително можат да за вжештат ионака напнатата ситуација во јавноста по ова прашање.


Бугарската телевизија Канал 3 тврди дека министерот за надворешни работи Никола Димитров на 23 јули ќе биде гостин на емисијата „Беновска пита" со познатата бугарска новинарка Илиана Беновска.


Ова според телевизијата преку македонската амбасада во Софија лично им го порачал македонскиот премиер Зоран Заев.


Според емисијата во која гости се најважните бугарски политичари и интелектуалци од амбасадата во Софија се извиниле што поради посета на Брисел министерот Димитров не можел да гостува предходно но ветил дека ќе биде нивни гостин в недела.


Телевизијата ја цитира пораката од Димитров до Канал 3 според која меѓу другите работи ќе разговара и за Илинденското - Преображенско востание, кое што во Македонија официјално се води само како Илинденско. Еден од споровите за непотпишувањето на договорот за пријателство со Бугарија за кој се преговара од 2008 година е токму заедничката историја во која за Бугарија востанието е бугарско и официјално се нарекува Илинденско - Преображенско.


Македонски извори упатени во преговорите за договорот со Бугарија велат дека е можно Скопје и Софија да постигнале договор со кој Македонија  во иднина ќе прифати именување на востанието согласно бугарската историја затоа што и во дел од мемоарите на учесниците тие го нареуваат Илинденско - Преображенско. Празникот Преображение во Македонија се слави на 19 август.


„Ќе ви дадам интервју следната недела, се надевам заедно со колешката од бугарска страна Екатерина Захариева, за да зборуваме заедно за претстојното потпишување на договорот за пријателство, добрососедтво и соработка на важниот датум 2 август- годишнина од Илинденско - Преображенското востание", се вели во информацијата на бугарската телевизија.




Водителката на емисијата Беновска на тоа коментира дека се надева дека Захариева ке ја прифати поканата кога ќе и биде доставена.


Доколку не се работи за дезинформации од Софија, министерот Димитров во Бугарија ќе треба да патува  еден ден откако соседот ќе го одбележи Илинденско - Преображенското востание кое поради различните календари што ги користат двете земји таму се слави 2 недели пред Македонија.


Беновска: Борисов, Радев, Пеевски, Главчев! Чий „Христос“ ще възкръсне на 9.6.24? Вашият или на България?

Беновска: Борисов, Радев, Пеевски, Главчев! Чий „Христос“ ще възкръсне на 9.6.24? Вашият или на България?

27-04-2024 | 21:52 ч.

Прочети повече

Беновска: Кирчовци, Кокорчовци, Лени, Деляновци, Бойковци, Радевци, Корнелии, Урсули! Фалшив живот! До кога?

Беновска: Кирчовци, Кокорчовци, Лени, Деляновци, Бойковци, Радевци, Корнелии, Урсули! Фалшив живот! До кога?

04-05-2024 | 21:04 ч.

Прочети повече